Украинската армија ги отфрли денешните обвинувања од Москва дека извршила напади врз енергетска инфраструктура во три руски региони, и покрај договорот за воздржување од такви акции.
Генералштабот на украинската армија на платформата Телеграм соопшти дека украинските сили не извршиле такви напади ниту вчера, ниту денеска.