Агенцијата на ОН за деца (УНИЦЕФ) денеска објави дека проценката за влијанието на прекинот на најголемиот дел од американската хуманитарна помош, наведувајќи влијае врз милиони, особено на Хаити.
„Добивме известување за прекин на грантовите за УНИЦЕФ, кои се однесуваат и на хуманитарни и на развојни програми, изјави портпаролот на организацијата, Џејмс Елдер.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена соопшти дека ќе има големо намалување на американската меѓународна помош, конкретно со елиминирање на 92 отсто од финансирањето за програмите во странство од страна на американската агенција за развој УСАИД, со што „ќе им заштеди на даночните обврзници околу 60 милијарди долари“.
„Продолжуваме да го проценуваме влијанието на овие известувања за раскинување на нашите програми, но веќе знаеме дека првичната пауза погоди милиони деца во околу половина од земјите каде што моментално работиме. Без итна акција, без финансирање, повеќе деца ќе страдаат од неисхранетост. Помалку ќе имаат пристап до образование, а болестите што може да се спречат ќе однесат повеќе животи“, истакна Елдер.
САД досега беа најголемиот донатор на хуманитарна и развојна помош.