Уште една земја му забрани влез на Вучиќ: Авионот со српскиот претседател не може да стигне до Москва

По Литванија, и Латвија му го забрани летот на српскиот претседател Александар Вучиќ на пат кон Москва во Руската Федерација. Авионот во кој ќе патува претседателот на Србија нема да може да помине низ Латвија поради „политичката чувствителност на целта на летот“.

Литванија му забрани на Вучиќ да лета „поради техничка и дипломатска чувствителност“. Да ве потсетиме дека на премиерот на Словачка, Роберт Фиц, му беше забрането да лета над Полска и Литванија на пат кон Русија, бидејќи во петок, 9 мај, се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва.

Зачлени се на нашиот е-билтен