Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уставен: Државата треба да врати 50 милиони евра на компаниите по основ на „солидарниот“ данок

Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд

Уставниот Суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука да го поништи т.н. Законот за Солидарност.

При оценката дали укинува или поништува Закон, Уставниот суд секогаш тргнува од одредени критериуми, а еден од нив е тежината, односно интензитетот на повредата. Во конкретниот случај Судит се одлучи за поништувачка одлука.

Оваа одлука значи дека сега државата е должна 50 милиони евра да им врати на 156 компании кои беа оданочени на крајот на 2023 година. Законот опфаќаше компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра.

„Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната вредност владеење на правото и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност. Според дискусијата и аргументите, со донесувањето на законот е нарушена правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615.000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со Уставот. 

Главната цел на овој данок беше да се соберат средства за ублажување на економските последици од кризата, како и да се допринесе на јавните расходи на солидарен начин. Иницијативите за оценување на уставноста на законот беше поднесена од страна на неколку компании.

Зачлени се на нашиот е-билтен