Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вашингтон во последните три децении води континуирана политика кон Западен Балкан

„Би сакал да нагласам дека постои силен континуитет во нашата политика кон Балканот во последните 30 години. Очекувам дека овој континуитет, околу основните цели што ги имаме за овој регион, ќе продолжи“, изјави заменикот на помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. во интервју за Хина .

Тој изјави дека САД се загрижени за влијанието на Русија врз целиот регион и дека поради тоа соработуваат со земјите од Западен Балкан за да се спречат дезинформациите.

Американскиот функционер нагласи дека Вашингтон во моментов гледа „реална можност“ за значителен напредок на земјите од Западен Балкан на патот кон евроатлантските интеграции. Во таа насока, тој го истакна планот за раст од шест милијарди евра на ЕУ за регионот, што е условен од спроведувањето на реформите, бидејќи, како што рече, може значително да придонесе за тие земји и „нивните жители да го почувствуваат тоа“. Тој предупреди дека „тоа не е период што вечно ќе трае“ и дека сегашниот поволен момент мора да се искористи.

„Целта овде е регионот да се оддалечи од наследството од војните од 1990-тите и навистина да успее да сврти страница од злата на етнонационализмот“, нагласи Касаноф.

Зачлени се на нашиот е-билтен