Важен чекор за Србија на патот кон ЕУ – Членство во SEPA

Од денеска, Србија официјално е дел од географската покриеност на Единствената европска платна зона, СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area ), се наведува во заедничкото соопштение на Народната банка на Србија и Европскиот совет за плаќања.

Како што е наведено во соопштението, НБС презеде чекори за усогласување на своите системи и прописи за плаќање со стандардите на Европската унија.

Со тоа, Србија стана 41-ва членка на СЕПА, што претставува важен чекор на нејзиниот пат кон европска интеграција. 

Зачлени се на нашиот е-билтен