Вдишувањето на јаглероден моноксид било кобно за 59 млади луѓе во Кочани

Дираекторот на Институиот за судска медицина Александар Станков, денеска рече дека 59 млади луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани имале насилна смрт од задушување предизвикано од пожарот. Обдукцијата покажа дека сите се задушиле за кратко време, најголемиот дел од јаглероден моноксид, а токсиколошките анализи ќе покажат какви други гасови вдишале. 

„Во најголем број случаи при пожари, најчест гас е јаглерод моноксид. Може да се јави и цијан водород и сулфур водород.Сега ги работиме токсиколошките анализи за да утврдиме што е присутно во крвта, меѓутоа според макроскопскиот наод за време на обдукциите кај најголем број од нив има јаглерод моноксид,  изјави“ проф. д-р Станков.

При обидот да избегаат од пожарот кај некои од починатите биле констатирани изгореници и скршеници, а 4 лица се задушиле во стампедото.

„Кај четворица од загинатите постоеле повреди односно скршеници на ребрата и се задушиле заради притисок што се случува во стампедо (компресивна асфиксија)“, рече професорот Станков.

Пред да се направат обдукциите на сите тела била извршена прецизна идентификација со ДНК и дактилоскопија односно отисок од прст.

„Четири тела поради изгореници беа идентификувани само со ДНК“, додаде професорот Станков.

“На Институтот за судска медицина му припадна најтажната и една од најодговорните задачи во најкраток рок да изврши 59 обдукции од кои ќе се утврди причината за смрт, а воедно и идентификација“, рече проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на медицинскиот факултет Скопје.

Обдукциите 2 дена ги работеле само кадар од Институтот за судска медицина, со помош од патологија и тетовската болница, а да помогнат се понудиле речиси сите држави од регионот. 

Од 59-те починати 16 се женски, а 43 машки, најмногу на возраст од 16 до 29 години.

Зачлени се на нашиот е-билтен