Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија (не) треба да избира меѓу ЕУ и Трамп во трговска војна, вели шефот на Банката на Англија

„Слободната трговија не е за избор на една област над друга“, им рече Бејли на пратениците.
Гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во вторникот ја предупреди британската влада да не бира страни во можната трговска војна меѓу ЕУ и САД.

Шефот на британската централна банка рече дека Британија треба да одржува „активен дијалог“ и со ЕУ и со Соединетите држави, поради стравувањата дека идниот претседател Доналд Трамп ќе го принуди Лондон да избере на кој однос ќе му даде приоритет.

Неговите коментари ги повторуваат оние на британскиот премиер Кир Стармер, кој инсистираше на тоа дека Трамп нема да ја принуди Британија да избира меѓу Вашингтон и Брисел.

Висок економски советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Стивен Мур изјави дека Британија треба да се усогласи со Соединетите Американски Држави во трговијата, наместо да продолжи со поблиски врски со Европската унија.

Говорејќи за радио Би-Би-Си, Стивен Мур рече дека ЕУ има „социјалистички модел“ и посочи дека САД би биле помалку заинтересирани за договор за слободна трговија со Британија доколку владата ги стави своите економски односи со ЕУ пред оние со САД.

Ако заканите од страна на Трамп се вистинити тогаш ударот врз економијата на Обединетото Кралство од царините на Трамп се цени на околу 20 милијарди фунти.

Зачлени се на нашиот е-билтен