Само сто метри ги делат пламените јазици од производните хали на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николич, откако рано изутринава огнот се рашири низ нискостеблестата шума над Дојран. Жителите на социјалните мрежи објавија дека во критичниот момент „авион нема, хеликоптер нема, а ветерот засилува“
Екипите од Територијалната противпожарна единица – Дојран, поддржани од доброволци и механизација на „Дојран Стил“, копнено прават заштитен коридор меѓу фабричките магацини и фронтот на огнот. Дежурството останува целодневно сè додека не се стабилизира насоката на ветрот.
Пожарот се приближува на 100 метра од фабриката Дојран Стил. Авион нема, хеликоптер нема. Ветер има. pic.twitter.com/XCzmcaJWnX
— Ајс Ти (@IceBucks7) July 9, 2025