Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Виктор Стојанов најавува панихида за Мара Бунева во Свети Димитриј на 12 јануари

FLICKR

Старо-нови провокации од Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“. Стојанов кој има забрана за влез во Македонија повикува на 12 јануари на собир и панихида за Мара Бунева во црквата Свети Димитриј во Скопје, во 11,30 часот.

Како и секогаш се планира на кејот на Вардар да се положат венци и цвеќиња. Некогаш на овие собири имаше и физички пресметки и секоја година одбележувањето на годишнината од смртта на македонската револуционерка Мара Бунева предизвикува контроверзи во македонско-бугарските односи.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Пред две години на кејот на Вардар главен говорник на настанот беше бугарскиот европратеник од партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, кој ги повика „владејачките елити во Северна Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната.

Зачлени се на нашиот е-билтен