Вистинско чудо-28 преживеани во авионската несреќа на „Азербејџан Еарлајнс“ во Казахстан

FREE MALAYSIA TODAY

Во авионот на Азарбејџан Ерлајнс, кој се урна во Актау, Азербејџан, според авиокомпанијата, имало 67 лица. Авиокомпанијата зборува за 62 патници и 5 членови на екипажот, јави од Баку азербејџанската државна новинска агенција Азертаг.

Според првичните информации на Азербејџан Ерлајнс, авионот од типот Ембраер 190 влетал во јато птици, објави Азертаг. Потоа биле преземени обиди за принудно слетување во Актау.

Модерните авиони се всушност дизајнирани така да преживеат судир со птици, па сепак вистинско чудо е што најмалку 28 патници ја преживеаја авионската несреќа на патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“, што значи дека над 30 патници најверојатно се мртви, соопшти Министерството за вонредни состојби на Казахстан.

Министерството потврди дека во авионот имало 67 лица, меѓу кои и пет членови на екипажот. Преживеаните патници се в болница. Руската новинска агенција „Интерфакс“ го цитираше Мнистерството дека може да има уште преживеани и медицинските работници на местото на настанот кои велат дека четири тела се извлечени.

Авионот „ембраер 190“ принудно слета на 3 километри од градот, соопшти претходно „Азербејџан ерлајнс“.

Авионот првично требаше да патува од главниот град на Азербејџан, Баку до рускиот град Грозни во Северен Кавказ. Според „Азербејџан ерлајнс“, 37 патници биле азербејџански државјани. Имало и 16 руски државјани, шест државјани на Казахстан и тројца од Киргистан.

Зачлени се на нашиот е-билтен