Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Социјалдемократите реагираат на денешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски во Кавадарци, и тврдат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ.

„Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на Владата предводена од СДСМ“, пишува во партиското соопштение.

Од СДСМ велат дека добро е што граѓаните знаат чии се овие проекти

„Добро е што овие проекти се завршњни но граѓаните знаат: овие проекти се резултат на одговорна и визионерска политика на СДСМ која секогаш работеше во интерес на сите граѓани. За жал, после 10 месеци Вадата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден сопствен капитален проект“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен