Загадениот воздух во градовите низ државата е сериозен проблем кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите резултати од преземените системски мерки би се почувствувале за некој период од среден рок, од неколку години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на долгорочна и системска стратегија која реално ќе го намали загадувањето.
-За да се направи тоа, меѓу другото, потребно е промена на начинот на затоплување на домовите, а тоа подразбира наместо фосилни повеќе користење на еколошки горива, меѓу кои и централно затоплување. За да се смени начинот на загревање на домовите, потребно е да се изградат гасни централи. Новиот начин на затоплување на домовите, истовремено, треба да биде достапен за сите граѓани.
Единствеото решение што го нуди ВМРО ДПМНЕ е на изградба на гасни централи, а за тоа да профункционире потребни се неколку години. До тогаш граѓаните не само на Скопје ќе бидат оставени да се гушат во загадениот воздух.
Тоа значи дека нема во план никакви побрзи решенија кои ќе бидат применливи до некое системско решние за кое говори Владата.
Од СДСМ со право потсетуваат дека „кога беше опозиција ДПМНЕ најавуваше над 1 милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50%. Како власт ДПМНЕ сега не презема ништо. Поминаа 7 месеци, мерки против загадувањето нема“.
Дополнително власта ги намали парите за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно.
Во времето кога Шилегов беше градоначалник на Скопје, беа издвоени 4 милиони евра субвенции за инвертери и средства за 30.000 субвенционирани велосипеди. Градот ја заврши секундарната гасификација и беше подготвен да реализира финална фаза за да се донесеме гас до домаќинствата.
Беа исчистени 10000 оџаци, се набавија нови 33 автобуси на гас, се подигнаа 300.000 м2 ново зеленило, а инспекциските контроли се зајакнаа.
Беа заменети стотина котли за греење на државни згради, затворени 10 диви депонии.
Не е многу ама барем имаше обиди нешто тековно да се направи за загаденоста да се намали