Коалицијата ВЛЕН ја отфрла интерпелацијата на Блерим Беџети, Муса Џафери, Садула Дураку, Артан Груби и пратениците на ДУИ и Европскиот фронт како неодговорен однос кон граѓаните и нивната иднина.
Ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби.
Креираа проблеми и сега вината ја префрлуваат на друг. ДУИ ги организираше проблемите и инцидентите.
Креираат проблем, ги изложуваат граѓаните на ризик, ги оставаат на немилост, бегаат од нив и на крај се обидуваат да користат политички поени.
Интерпелацијата треба да ја поднесе во ДУИ против лицата блиски до Артан Груби кои ги организираа инцидентите и ја нарушија свечената и убава прослава на денот на албанското знаме.
Не можете да се нарекувате Европски фронт, а да се обидувате да ја дестабилизирате државата и со тоа да ја одалечувате од европската перспектива, само затоа што се плашите од последиците на својот криминал. Оваа интерпелација е политички маневар без основа.