ВМРО ДПМНЕ не го подржува Законот на СДСМ за Кочани

Фотографија од протестот „Марш за ангелите“: Ванчо Џамбаски Фотографија од Тошковски: Влада на РСМ
Фотографија од протестот „Марш за ангелите“: Ванчо Џамбаски Фотографија од Тошковски: Влада на РСМ

„Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани. За Кочани мора да има правда, одговорност, но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна“, реагираат од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат предлог-законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието, реагираат од најголемата опозициска партија.

Оттаму нагласуваат дека станува збор за предлог без политичка позадина.

ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно.

СДСМ од првиот ден по трагедијата се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, за помош и поддршка и ќе стоиме зад нашите граѓани, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен