СДММ: Наместо реновирање, ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

„И оваа академска година започнува со разочарување за илјадници студенти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска, повторно ја покажува својата неспособност да се грижат за образованието, за студентите, рече потпретседателката на СДММ, Стефанија Кузмановска.

Кузмановска информираше дека конкурсот за прием на студенти во студентските домови веќе е објавен но дека тој не се однесува за сите студентски домови, меѓу нив и „Кузман Јосифовски – Питу“ кој и покрај ветувањата на министерката за образование, Весна Јаневска, дека ќе биде реновиран и подготвен за вселување до октомври 2025 година, останува затворен.

„Лани во октомври министерката Јаневска ветуваше дека оваа академска година студентите ќе влезат во реновираните домови во Скопје. Но и ова ветување како и сите други на ВМРО ДПМНЕ се само Година дена подоцна, ништо од тоа! Студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу останува затворен, а студентите принудени сами да бараат скапо приватно сместување. Ова е класичен пример за неспособност и лажно ветување! Ниту услови за сместување, ниту хигиена, ниту достоинствен живот за студентите – само празни зборови и уште една загубена академска година за младите“, рече Кузамновска.

Таа потенцираше дека со ова, ВМРО ДПМНЕ покажале дека за нив не се важни студентите, ниту нивните потреби.

„Власта не ги продолжува ниту добро воспоставените мерки од СДСМ. Министерката Јаневска во опозиција ја критикуваше мерката за студентски оброк дека била „мизерна поддршка“. А денес? Истата таа Јаневска не само што не го зголеми студентскиот оброк, туку дури и го замрзна неговото покачување, и покрај предлозите за зголемување во Собранието. Ветуваа подобар студентски стандард, а носат само апатија, разочарување и празни мензи“, рече Кузмановска.

Кузмановска информираше дека младите Социјалдемократи ќе продолжат да се борат за правата на студентите.

„Тоа што го бараме, не е луксуз, туку неопходност и потреба, основни услови за секој студент. Младите заслужуваат повеќе од лажни ветувања и неисполнети рокови. Студентите не се статистика во предизборни програми – тие се иднината на оваа земја.СДСМ ќе продолжи да се бори за студентски права, за квалитетни услови за живеење и учење, и за достоинствен живот на младите во Македонија“, рече Кузмановска.

Зачлени се на нашиот е-билтен