Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ: Вработувањата што ги спомена Меџити ќе бидат согласно реалните потреби

Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина, порача денеска ВМРО ДПМНЕ, откако првиот вицепремиер Изет Меџити од партиски настан рече дека во периодот што следи ќе има од две до три илади нови вработувања во администрацијата на партиски кадри.

Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека ‘ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите’. 

„Оваа Влада е посветена на квалитет, а не на партиски списоци, и тоа граѓаните го гледаат. Паниката во редовите на СДС е очигледна – знаат дека повеќе нема шеми, тендери и дебели хонорари за нивните послушници, па измислуваат скандали кои постојат само во нивните глави“, пишува во партиското соопштение на ВМРО ДПМНЕ, испратено до медиумите.

Зачлени се на нашиот е-билтен