Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска ја информираше јавноста дека утре со почеток од 12 часот и пет минути, 300 членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија и на синдикатите на ССМ, ќе ja отворат јавната седница пред Работничкиот дом.
Потоа настанот ќе се продолжи пред Собранието, и Стопанската комора, а ќe заврши пред владата. Трендафилов информираше дека на овој начин, синдикалците ќе го изразат своето незадоволството од ниските плати и ќе побараат минималната плата да изнесува 500 евра.
„Ќе завршиме пред владата, каде ќе им порачаме на владините функционери дека не може да се одлучува за работниците без работниците. Тоа што утре ќе го изразиме на јавната седница на органите и телата на ССМ, ќе значи дека политиките кои ги водат креаторите на политики се во погрешна насока и се на штета на работниците, односно дека не ги зголемуваат платите за да овозможат достоинствен живот и достоинствени плати на работниците, токму од оние од кои тие земаат плата“, вели Трендафилов.
Опозициската СДСМ ги поддржа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата.
„Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари, за 100 евра е зголемена во споредба со лани. Две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство. И наместо покачување на платите, покачување на минималната плата и грижа за стандардот на народот, власта ги турка погрешните политики на ДПМНЕ. За прв пат, минималната плата е договорена без социјален дијалог, без учество на синдикатите. Резултатот? Покачување од срамни 1.800 денари, далеку од потребното и далеку од она што го заслужуваат работниците“, рече Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ.
Од ВМРО ДПМНЕ и денеска продолжија со оцрнување на раководството на ССМ. Најголемите аргументи дека ССМ нема право да бара поголема минимална платал е дека синдикалните водачи земале плата многу повисоки плати од минималецот.
Од синдикатот обвинија за притисоци врз работниците а битката која од од ВМРО ДПМНЕ ја водат против синдикатите, сметаат дека е поради тоа што тие се против зголемување на минималната плата.