Во Градско се одржаа 58. Регионални спортски пензионерски игри од југот

 Во организација на Здружението на пензионери од Велес со поддршка од останатите здруженија од повеќе градови од југот и Сојузот на пензионери, денеска во Градско се одржаа 58. Регионални спортски пензионерски игри од југот. На традиционалната спортска манифестација учествуваа над 300 пензионери од Велес, Градско, Чашка, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија кои се натпреваруваа во 10 спортски дисциплини – пикадо, табла, стрелаштво, скок во далечина, фрлање ѓуле, тегнење јаже, фудбал и кошарка, трчање, шах и домино.

Велешките пензионери од Здружението на пензионери Велес во кој членуваат и пензионери од Градско и Чашка, освоија повеќе први места поединечно и екипно и беа меѓу најдобрите на натпреварите.

Верољуб Додевски и Димче Тодоров се двајцата пензионери, кои на велешкото Здружение на пензионери му донесоа две први места во атлетските трки за мажи до и над 60 години. Прва е и екипата на велешките пензионери во спортската дисциплина стрелаштво – мажи, како и во поединечна конкуренција, каде пензионерот Зоран Џоневски го освои првото место.

Велешките пензионери екипно најдобри се и во дисциплините пикадо, кошарка и домино. Пензионерите кои ги освоија, во поединечна конкуренција првите места се Анде Марковски во пикадо, Љупчо Манев во кошарка и Благој Тодоров во домино. Велешките пензионери екипно најдобри се и во дисциплините пикадо, кошарка и домино.

Пензионерите кои ги освоија во поединечна конкуренција првите места се Анде Марковски во пикадо, Љупчо Манев во кошарка и Благој Тодоров во домино. Машката велешка пензионерска екипа е најдобра и во спортската дисциплина шутирање топка во гол ,а пензионерот  Влатко Ѕврцинов е најдобриот шутер и освојувач на првото место. Велешките пензионерки во екипна конкуренција го освоија третото место во пикадо.

Учесниците и наградените ги поздрави и им честита Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионери од Велес, Градско и Чашка.

-Упорноста, желбата за дружење и активен живот е пример за нас дека секогаш во животот и во повозрасните години  треба да имаме цел и да се стремиме кон победа. При тоа  да се однесуваме со почит меѓу себе и да покажеме дека малите работи го прават животот поубав, истакна Алексоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен