Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети повотрно си ги мерат силите. Првиот интегративец овојпат бара предвремени парламентарни избори за спас на европскатла иднина на земјата и враќањето на довербата кај граѓаните. ДУИ преку соопштение оцени дека актуелната Влада, постигнала највисоко ниво на скандали, криминал и корупција во краток временски период и како што велат се претворила во симбол на неуспех.
„Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност. Оваа состојба јасно го потврдува неуспехот на оваа Влада да ги адресира клучните предизвици со кои се соочува земјата и итната потреба од промена на политичкиот курс“, велат од ДУИ.
Премиерот Мицкоски, со светлосна брзина му одговори на Ахмети. ‘Ќе има избори, но само ако владејачката коалиција ги изгуби локалните ибори’. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во предлгот на ДУИ гледа обид за дефокусирање на јавноста и обид за поларизирање на населението по етничка линија. Посочи дека за девет месеци ќе почне кампања за локалните избори на која граѓаните ќе можат да го кажат својот збор.
„Тоа нема да го дозволиме како Влада. Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура изминатите 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ. – Доколку оваа Влада ја поразат на тие избори, логично е да има предвремени Парламентарни избори после тоа. Да не ни се случува како во 2021 година. Но, доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе“, порача Мицкоски од Кичево.
Јавноста веќе неколку пати го слушна барањето на ДУИ за предвремени избори. Прво тврдеше дека се потребни предвремени парламентарни избори, заедно со локалните, за да се заштедат пари. Но, владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и Вреди истакнаа дека нема потреба од предвремени избори, зашто коалицијата е стабилна и нема потреба да трошат дополнителни средства.
Последново барање на ДУИ за вонредни избори доаѓаат во време кога САД ги стави на црната листа, поранешниот вицепремиер и најблизок соработник на ахмети , Артан Груби за значителна вмешност во корупција.