Во Косово се отворени избирачките места Српската листа се кандидира за десет пратенички места

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, а за десет пратенички места се натпреварува и Српската листа која има поддршка од официјален Белград.
Избирачките места беа отворени во 7:00 часот.

Право на глас на изборите имаат 2.075.868 граѓани, од кои 1.970.944 живеат на Косово, додека 104.924 се регистрирани во странство, соопшти Централната изборна комисија во Приштина.

Во општините во северно Косово, каде што мнозинството се Срби, одредени се 44 избирачки центри, од кои 14 се во Северна Митровица, 12 во Лепосавиќ, 10 во Звечан и осум во Зубин Поток.

На изборите ќе учествуваат 28 политички субјекти, од кои шест од српската заедница.

Шест партии и иницијативи учествуваат во трката за десетте пратенички места резервирани за српските претставници – Српска листа, Српска демократија, Партијата на косовските Срби, Српското народно движење, Граѓанската иницијатива Народна правда и Листа за слобода, правда и опстанок.

Косовското собрание има 120 места, од кои 20 се загарантирани за припадниците на малцинските заедници.

Десет места припаѓаат на српската заедница, четири на ромската, три на бошњачката заедница, две на турската заедница и едно на горанската заедница.

Претседателот на Српската листа, Златан Елек утрово околу 7 часот и 30 минути гласаше во основното училиште „Свети Сава“ во северниот дел на Косовска Митровица.
Шест избирачки места се отворени утринава во 7 часот во северниот дел на Косовска Митровица каде граѓаните ќе можат да гласаат на изборите за собрание на привремените институции во Приштина.

Гласачките места се затвораат во 19 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен