Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар.
Претдходно преку соопштение полицијата информираше дека околу 14:00 часот било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ во реонот на Бит Пазар имало пукање.
Според информациите објавени во медиумите, тој им подлегнал на повредите во операционата сала на Клиничкиот центар во Скопје, каде што бил итно пренесен со прострелни рани на главата, градите и други делови од телото.
Засега не е познато кој е напаѓачот, ниту пак мотивите за пукањето врз младиот човек.