Во сабота и недела најавена е авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.
Од Град Скопје информираат дека дезинсекцијата ќе се изврши во раните утрински часови, а доколку временските услови не го дозовлуваат тоа, тогаш ќе се реализира првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.