Фестивалот „Shtip Street Food Festival“ кој започна вчера во Штип, продолжува и денеска.
Настанот има за цел да го збогати културно-туристичкиот живот во градот, привлече голем број посетители уште во првите часови.
На шеталиштето „Ванчо Прќе“, во Штип се поставени штандови кои нудат богат избор на храна од светската кујна, разни пијалаци и вкусни десерти, во атмосфера збогатена со добра музика и позитивна енергија.
Фестивалот продолжува и во наредните денови, со музика, нови вкусови и програма што ќе го збогати градскиот живот.
Овој настанот летово нема да биде единствен, кој ќе ги анимира штипјани, бидејќи Штип има Културно лето со богата програма, Д фестивалот, Пастрмалијадата итн.