Во швајцарските Алпи евакуирани повеќе од 100 луѓе поради опасност од одрони

 Швајцарските власти денеска евакуираа околу 100 луѓе од нивните домови во алпското село Блатен, во долината Лотшентал во кантонот Вале, поради опасност од одрони.

Евакуацијата беше мирна и уредна, рече локалниот портпарол.

– Сите можеа да најдат приватно сместување кај роднини или пријатели или во други хотели. Погодените туристи беа преместени во блиските хотели, додаде тој.

– Постои голем ризик од одрон на камења, истакна портпаролот, мислејќи на блиската планина Клајне Несхорн и глечерот Бирч. Привремено се затворени и неколку пешачки патеки и патишта.

Не е јасно кога жителите ќе можат да се вратат во своите домови, но веројатно не пред вторник. 

Зачлени се на нашиот е-билтен