Во Собранието утре ќе пристигне предлог-закон за отворени листи и една изборна единица

Либерално демократстката партија утре до Собранието ќе достави Предлог-законот за отворени листи и една изборна единица во Македонија, но и за кандидирањето на независните пратеници.

Портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски, рече дека ова не е нова иницијатива за ЛДП.

„Нашите пратеници, во два претходни парламентарни состава, поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме“, посочи Аврамовски.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, рече дека суштината на предлогот е и да нема изборен цензус.

„Во предлогот се вклучени и барањата на независните кандидати, кои неодамна ги изнесоа, за да се пополни празнината создадена по одлуката на Уставниот суд. Нема одредби за гласањето во дијаспората, но може да се поднесат амандмани за тоа и да се разговара. Откако ќе го доставиме предлогот, тој треба да биде ставен во собраниска процедура, пред комисии. Очекуваме поддршка од сите партии“, реле Зајкова.

Премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека е подготвен да прифати изборен модел со една изборна единица, доколку се дозволи и гласањето на иселениците во дијаспората надвор од дипломатско-конзуларните претставништва.

Зачлени се на нашиот е-билтен