Во тек е четвртото гласање: Сите очи се вперени кон еден оџак

Кардиналите кои учествуваа на конклавата се вратија по кратка пауза во Систинската капела каде што треба да го дадат својот четврти глас

Следниот чад би можел да се појави во секој момент, ако изберат папа, ова воедно е и кругот во која беше избран папата Бенедикт XVI во 2005 година, објавува „Гардијан“.

Ако во тој момент не се појави чад, најверојатно ќе се појави нов околу 19 часот, каков и да е резултатот.

Кардиналите денес треба да гласаат вкупно четири пати – двапати наутро и двапати попладне, а двапати треба да излезе чадот.

Меѓу 133-те кардинали што учествуваат на конклавата, 108 за прв пат учествуваат во изборот на нов папа.

Црн чад излегува од оџакот на Систинската капела ако папата не се избере за време на гласањето на кардиналите, додека бел чад се појавува ако се избере новиот поглавар на Римокатоличката црква.

Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена.

Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање.

Почина на 21 април на 89-годишна возраст и е погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Зачлени се на нашиот е-билтен