Во Унгарија откриено ново нафтено поле: Може да произведува и до 1.200 бо арели дневно

При истражувањето со дупчење спроведено во декември минатата година, нафтата беше пронајдена на длабочина од 1.250 метри. Според претходните анализи, новиот бунар во нафтеното поле Сомогисамсон може да произведува 1.200 барели нафта дневно, соопшти компанијата.

Зомбор Мартон, извршен потпретседател за истражување и производство на MOL Group, рече дека е горд што повторно откриле нафтено поле – овој пат во регионот Трансдунабија, каде последен пат пронашле нафта пред повеќе од една деценија.

„Особено е значајно што ова откритие се случи во областа Базакертје, која има речиси 100-годишна традиција во нафтената индустрија. Ова потврдува дека Унгарија сè уште има неискористен потенцијал во истражувањето на јаглеводородите. Постојано откриваме нови наоѓалишта и дополнително ја зајакнуваме енергетската безбедност на земјата. “, рече Мартон.

Глав ониот оперативен директор на МОЛ Унгарија Ѓорѓи Бача, рече дека Унгарија, како континентална земја, се потпира на нафтоводи и посредници за снабдување со нафта.

„Јасно е дека мораме на секој можен начин да ја намалиме зависноста од увоз, ќе продолжиме да инвестираме и да правиме се што е во наша моќ да го одржиме, па дури и да го зголемиме домашното производство.

Дупчењето на новиот бунар Сом-8 во нафтеното поле Сомогисамсон започна на 25 ноември 2024 година и беше завршено на Божиќ, по 33 дена работа. Врз основа на тестовите спроведени до март 2025 година, беше потврдено дека бунарот може да произведува 1.200 барели нафта дневно, која со камиони се транспортира до рафинеријата Дунав во Сасаломбата.

Ова ново откритие дополнително ќе придонесе за енергетската безбедност на земјата. МОЛ има амбициозни инвестициски планови во областа на истражување и производство и планира да инвестира околу 150 милијарди форинти во производството на нафта и природен гас во Унгарија во следните пет години.

MOL е најголемиот производител на јаглеводороди во Унгарија, со речиси 1.300 активни извори на нафта и гас. Во текот на 2024 година, компанијата обезбеди 47% од домашното производство на сурова нафта (речиси 600 илјади тони) и 90% од природен гас (речиси 1,5 милијарди кубни метри). Унгарија е моментално најзначајната земја во производното портфолио на MOL Group, со околу 39% од вкупното производство.

Производството на нафта од бунарот Som-8 е околу 1.200 барели дневно, што претставува приближно 1% од вкупното производство на MOL Group.

MOL Group има капацитети за истражување и производство на нафта и гас во девет земји, додека производството моментално се одвива во осум земји. Во текот на 2024 година, компанијата просечно произведуваше 93.800 барели нафтен еквивалент дневно. Со цел да се одржи нивото на производство од најмалку 90.000 барели дневно во следните пет години, што е целта поставена со ажурираната стратегија „SHAPE TOMORROW“, MOL планира дополнително да го зајакне своето меѓународно портфолио и продолжува да развива стратешки партнерства. Во овој контекст, компанијата неодамна потпиша договори за соработка со националните нафтени компании на Казахстан (KazMunayGas), Азербејџан (SOCAR) и Турција (Turkish Petroleum).

Зачлени се на нашиот е-билтен