Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вооружените сили на Украина соборија шест руски крстосувачки ракети и 133 беспилотни летала

вВоздухопловните сили на вооружените сили на Украина денеска соопштија дека собориле шест руски крстосувачки ракети и 133 беспилотни летала.

Како што е соопштено, од почетокот на минатата ноќ Русите ја нападнале Украина со 213 ударни беспилотни летала „Шахед“. Нападите се извршени од правците на Орел, Брјанск, Курск, Приморско-Ахтарск.

Воздушниот напад бил одбиен од авијација, противвоздушни ракетни трупи, единици за електронско војување и мобилни огнени групи на воздухопловните сили и одбранбените сили на Украина.

Утринава беше потврдено дека шест ракети Х-101 и 133 беспилотни летала се соборени во регионите Полтава, Суми, Киев, Чернихив, Черкаси, Кировоград, Житомир, Миколаев и Дњепропетровск.

Една жена и две деца се повредени во масовен руски воздушен напад во областа Житомир. Во областа Обухив во регионот на Киев, 44-годишна жена е хоспитализирана со рани на ногата од остатоци од дронот.

Зачлени се на нашиот е-билтен