Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вредеа ли тупаниците 20 милиони долари?

Американскиот Јутјубер Џејк Пол (27) го победи Мајк Тајсон (58) во професионален боксерски меч кој го следеше цела планета. Пол беше далеку подобар од славниот „Ајрон Мајк“, кој по две децении се врати во рингот, но на крајот само на поени стигна до триумфот во кариерата.

Судиите едногласно се одлучија на страната на Џејк Пол, што не е изненадување ако се знае дека тој му зададе многу поконкретни удари на Мајк Тајсон отколку што прими. Сепак, не успеа да го „сруши дедото“, но сериозно го потресе.

Иако Мајк Тајсон беше подобар во првите две рунди, што веројатно беше тактика бидејќи имаше толку многу сили, веќе во третата Џејк Пол зададе голем број сериозни удари, по што славниот боксер почна да се тетерави.

Сепак, заработката од Нетфликс и спонзорите била преголема за Тајсон да одбие да се врати во рингот после 20 години. Тој секако сакал и планирал да се врати неколку пати, но секој пат нешто друго ќе му „пречело“ и не влегувал во рингот.

На крајот Џејк Пол дури му се поклони на Мајк Тајсон и рече дека за него тој е најголемиот боксер на сите времиња.

Зачлени се на нашиот е-билтен