Врховен ја укинал пресудата за Васил Јованов за продажба на дрога

Врховниот суд ја укинал пресудата на скопска Апелација со која Васил Јованов беше осуден на три години и 10 месеци затвор за кривичното дело поседување и трговија со наркотици.  

Одлуката ја донел Советот за казниви дела при Вроховниот суд една недела пред вчерашната пресуда со која младиот Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајката во која смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин во Скопје.

Врховниот суд, на седница одржана на 7 мај го уважил барањето на Васил Јованов за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за поседување и продажба на дрога, што тој го поднел преку адвокат. 

Апелацискиот суд во февруари годинава ја собори пресудата на судијката Даниела Алексовска Стојановска, која на Јованов наместо затвор, му пресудила престој во казнено-поправен дом за трговија со амфетамин. Оваа пресуда предизвика остра реакција во јавноста, откако Јованов ја прегази Фросина, по што Апелација му досуди затвор.

Но, Врховниот суд неодамна ја соборил пресудата на Апелација и го вратил предметот на повторно одлучување во второстепениот суд.

Врховниот суд ја донел одлуката пред Јованов да признае вина за сообраќајната несреќа.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 7.5.2025 година, донесе пресуда КВП2-43/25, со која го уважи барањето на осудениот В.Ј. од Скопје за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено преку бранителот Панче Нефтенов, адвокат од Скопје, ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-1047/24 од 5.2.2025 година и предметот го врати на второстепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Зачлени се на нашиот е-билтен