Врховниот суд на Израел одлучи дека и ултра ортодокснитеевреи мора да служат војска

Израелската армија најави дека ќе испрати 54.000 покани за регрутација откако Врховниот суд пресуди дека воениот рок е задолжителен за сите, вклучително и ортодоксните Евреи.

Израелскиот Врховен суд минатата година го поништи децениското ослободување од армијата за ултра ортодоксните студенти, политика воведена кога ултраортодоксната заедница беше многу помал дел од населението отколку што е денес – 13 проценти.

Воената служба е задолжителна за повеќето израелски Евреи од 18-годишна возраст и трае од 24 до 32 месеци. Мнозинството од арапската заедница во Израел, која сочинува 21 процент од населението, е ослободена од воена служба, иако некои служат.

Ултра ортодоксните лидери изразија загриженост дека вклучувањето на ултра ортодоксните студенти во воени единици заедно со секуларни Израелци, како и жени, би можело да го загрози нивниот религиозен идентитет.

Армијата најави дека ќе се обезбедат услови што се компатибилни со ултра ортодоксниот начин на живот и дека ќе се развијат дополнителни програми за поддршка на нивна интеграција.

Зачлени се на нашиот е-билтен