Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ и Зеленски разговарале за подобрување на билатералната соработка меѓу Србија и Украина

Претседателите на Србија и Украина денес имале телефонски разговор на кој се зборувале за билатералната соработка и зајакнување на односите меѓу двете земји.

„Содржаен и добар разговор со претседателот на Украина, Зеленски за сите важни прашања од билатералната соработка. Србија неодамна повторно ја отвори својата амбасада во Киев, надевајќи се дека нејзината работа дополнително ќе придонесе за подобри односи. Го разгледавме европскиот пат на нашите земји, како и можноста за почести билатерални посети во иднина“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Зеленски од друга страна напиша дека се заблагодарил за поддршката од Србија во војната против Русија.

„Ѝ се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна помош и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграција во Европската унија. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж да се постигне мир што е можно поскоро“ напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој истакна дека претходно оваа недела ги прифатил акредитивните писма на новиот амбасадор на Србија во Украина и рече „Верувам дека обновената и полноправна работа на Амбасадата на Србија предводена од амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка“.

Зачлени се на нашиот е-билтен