Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ вчера имаа значајно обраќање за актуелната состојба во земјата.
Претседателот Вучиќ во вчерашното обраќање меѓу другото рече дека е потребна итна реконструкција на Владата на Србија.
Тој посочи дека очекува смена на над 50 проценти од министрите.
Една од главните причини за ваквата одлука, наведе, е фактот што бил измамен во клучни моменти.
Првата точка (во барањата на студентите) се договори со изведувачи и подизведувачи. Прво, морам да кажам дека не ми е јасно зошто Владата веднаш не го објави основниот договор. И тоа е една од причините зошто му кажав на премиерот дека е неопходна итна реконструкција. Дури и ме доведоа во заблуда, а на тој договор воопшто немаше ознака за тајност“, истакна Вучиќ.
Од 4-те барања на студентите, првото барање е „објавување на целата документација во врска со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, која во моментов е недостапна за јавноста, за прв пат со конкретни детали“, се наведува во барањето.
Второто барање е „потврда од надлежните органи на идентитетот на сите лица за кои постои основано сомнение дека физички нападнале студенти и професори, како и отпуштање на горенаведените лица доколку се покаже дека се работи за јавни службеници“.
Третото барање е „отфрлање на кривичната пријава против студентите уапсени или приведени за време на протести“.
Во последното барање се бара „зголемување на буџетот за високото образование за 20 отсто“.