Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ за Ѓоковиќ и останатите спортисти кои ги поддржаа студентите: Тие се против нас

Српскиот претседател Александар Вучиќ влезе во медиумска битка со дел од спортистите кои ги поддржаа актуелните студентски протести во Србија.

Откако и тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ ги поддржа студентските протести во Србија и се приклучи на Новак Ѓоковиќ, Ивана Шпановиќ во поддршката, српскиот претседател Вучиќ за РТС изјави дека е свесен оти тие се против него.

„Тоа се истите луѓе кои зборуваа и за протестите за литиум. Нема никој нов“ рече Вучиќ нервозно во неговото гостување на РТС.

„За литиумот ги поддржа и Новак Ѓоковиќ и Ивана Шпановиќ…и Жељко Обрадовиќ. Секогаш е против нас, нема тука ништо тајно и ништо ново. И Богдан Богдановиќ беше за литиумот. Дали можеби го имате тука Никола Јокиќ? Нивно право е тоа, немам никаков проблем, тоа е демократија, милина…Јас го прифаќам тоа спортски, но немојте да ми го одземате правото да мислам поинаку“ рече Вучиќ.

Поддршка за студентите во Србија дадоа голем број на јавни личности, но и спортисти помеѓу кои се и Богдан Богдановиќ, Ивана Шпановиќ, Новак Ѓоковиќ, Немања Видиќ, Само Милошевиќ, Алекса Аврамовиќ, Дејан Бодирога, Саша Илиќ и други.

Зачлени се на нашиот е-билтен