На денешната расправа за Предлог буџетот за 2025 година, се отвори дебата околу проектот „Бехтел и Енка“. Пратеникот Горан Мисовски во своето обраќање до пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, рече дека два дена ја слушал расправата за буџетот, но дека во своите говори, ниту минстерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ниту нејзиниот заменик, ниту пак, еден пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нешто кажале за ставката наменета за „Бехтел и Енка“.
„Во буџетот за наредната година, во ставката за исплата на „Бехтел и Енка“, проектот кој ние го донесовме и за кој тврдемве дека е најдобриот во историјата, имате ставено 130 милиони евра. Па, вие Дафина не овинувавте дека сме криминалци. Дали тоа значи дека сега пратениците кои ќе го изгласаат проектот ќе бидат криминалци? Е, па, Дафина добредојдовте во друштвтото на криминалците. Дали сега ви сте криминалци, бидејќи никој не го спомна проектот, ‘Бехтел и Енка’. Ќе исплатите осум милјарди денари. Велевте дека проектот е криминален, дека сте ги нашле сите криминални точки во проектот Сега молчите а нас не обвинувате“, рече пратеникот на НСДП, Мисовски.