Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути откако и беше изгласан недоверба нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или како што вели -ејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
-Изгласаната интерпелација во Собрание, така како што е изгласан заклучокот, значи мое разрешување или мое дејствување под диктат на Левица и ВМРО. Соочена со изборот помеѓу губење на функцијата претседател на комисијата и дејствување под диктат, според условите поставени од Левица и предложени како Заклучок од Африм Гаши, не се сомневам дека ќе ја прифатам слободата на дејствување како пратеничка, како што сум направила до сега, слободно и независно.
Секој граѓанин треба да биде таков, без разлика на различноста што ја имаме, вели Даути.
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во врска со интерпелацијата на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути од Европскиот фронт, рече дека имаат забелешки за нејзината работа, но оти не поддржуваат иницијатива од Левица.
-Потврдувам дека Илире Даути беше претседател на Комисија и ќе остане претседател на Комисија. Можеби имаме многу забелешки за Даути, но кога има иницијатива од Левица ние сме против и затоа ќе ја поддржиме, рече Меџити.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши преку соопштение појаснија дека гласањето за интерпелацијата на Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
Изјавите на одредени медиуми кои велат дека резултатот од гласањето за интерпелација наложува разрешување на г-ѓа Даути се неточни.
Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.
Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот, беше наведено во соопштението на Кабинетот на претседателот на Собранието.