Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја објави основната квота на учесниците на Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Лос Анџелес, 2028 година. Учество ќе земат 5.333 (50,7%) спортистки и 5.167 (49,3%) машки спортисти. Со ваквата бројка за првпат во историјата спортистките ќе бидат мнозинство на Олимписките игри.
На средбата во Лима, Перу, МОК објави дека добитник за Летните олимписки игри е главниот град на филмската индустрија.

Лос Анџелес верува дека поради постојната инфраструктура ќе ги избегне баснословните трошоци што последниве деценија и кусур го следеа организирањето Олимпијада.
Според тимот на Лос Анџелес во градот веќе постојат или привремено ќе бидат поставени 97% од потребните терени и сали. Тие очекуваат трошокот за организација да изнесува 5,3 милијарди долари кои ќе бидат покриени од спонзорства, продажба на влезници и останати приходи.
.Лос Анџелес проблемот со олимпиското село ќе го решава со адаптација на кампусот на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, за што имаат наведено трошок од 33,6 милиони долари.
Лос Анџелес конечно им носи Олимпијада на САД по неуспешните номинации на Њујорк за 2012 и Чикаго за 2016.