Зад превезот “борба против партизација на институциите“ Мицкоски, брутално ги партизира истите, Судскиот совет го пополни со сопруга на сопартиец

Нов член на Судскиот совет е сопругата на градоначалникот од Општина Радовиш, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Ристов. Изборот на Данка Ристова за членка на Советот е брутална партизација на судсвото.

„Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега. Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело. Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат, обвинувањата на СДСМ дека изборот на судијката Ристова од Апелацискиот суд од Штип, за нов член на Судскиот совет од редот на судиите, е партиски. Според владејачката партија од Белата палата изборот бил направен согласно законските процедури.

Судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип беа избрани за нови членови на Судскиот совет по изборите кои вчера се одвиваа во изборните места во сите судови ширум земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен