Европската Унија ќе продолжи тесно да соработува со земјите од Западниот Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на патот кон членство во ЕУ, се наведува во заклучоците од јунскиот Совет на Европската Унија посветени на регионот.
– Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, се потенцира во заклучоците.
Во документот се додава дека за време на средбата, лидерите на земјите членки на ЕУ размениле мислење за ситуацијата во Западен Балкан и потсетиле на своите претходни заклучоци за регионот.