Започнува јубилејната 20. Регионална конференција на Македонскиот ПЕН – Центар

На јубилејното издание ќе учествуваат дваесет и пет писатели од девет ПЕН центри. Како што соопштуваат од ПЕН центарот, Конференцијата ќе се одржи во Охрид и Струга и ќе трае до 21 јуни.

Во соопштението наведуваат дека темата на годинешниот Симпозиум ќе биде „Постхуманизам и книжевност“, каде писателите низ дијалог ќе се обидат да најдат одговори на низа актуелни прашања за статусот на книжевноста и уметноста во ерата на вртоглав технолошки развој поврзан со употребата на вештачката интелигенција.

Излагањата од Симпозиумот, велат, ќе се сосредоточат на позитивните и негативните аспекти на примената на вештачката интелигенција во книжевноста; вештачката интелигенција и имагинацијата; „ChatGPT“ и плагијаризмот; хуманистичкото образование и вештачката интелигенција, со цел да се понудат одговори на прашањето за состојбата на човекот денес, односно: „дали сме веќе навлезени во добата на постхуманизмот?“

– Во рамките на Конференцијата ќе се одржи состанок на Балканската ПЕН мрежа, посветен првенствено на перспективите на соработка, меѓусебното преведување, но и заедничка афирмација на балканските книжевности.

Зачлени се на нашиот е-билтен