Здружениоето на судии денеска преку соопштение реагираше за одлулката на Стејт Департментот да го стават судијата Енвер Беџети на црната листа. Според Здружението, ставањето на „црната листа“ на САД на било кој судија е сериозен удар за честа и угледот на конкретниот функционер од судската власт. Оттаму повикаа на брзо разрешување на случајот.
„Имајќи го предвид значењето на етичкото однесување и интегритет на судиите кое треба да биде неприкосновено и во согласност, пред се со Уставот и Законите на нашата земја, но и согласно Меѓународните Закони и препораките на Европската унија и Соединетите Американски, држави како наши стратешки партнери, Здружението повикува на брзо разрешување на случајот, пред се заради зачувување на независноста и интегритетот на судската фела во земјата, велат од Здружението.
Врховниот суд преку соопштение попладнево информираше дека целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава.
„Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба. Недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија“, пишува во соопштението.
Името на судијата Беџети, стана познато во јавноста откако Судскиот совет утврди дека тој како судија известител, со месеци го чувал предметот „Таргет-тврдина“ во фиока. Судскиот совет му изрече дисциплинска мерка, а шест месеци добиваше 20 отсто помала плата.
Амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, денеска посочи дека во ниту една форма, корупцијата, не треба да се толерира, а таа носи и последици.
„Ставањето на судијата Енвер Беџети на Артан Груби на американсаката „црна листа“, е за да се повикаат на одговорност поединци чии кримнални дејности ги поткопуваат безбедноста, стабилноса и вредностите на управуање. Не мора ние да даваме докази или информации на тукашните институции. Доказите се достапни. Ако ние можеме да ги најдеме, можат и македонските институции. Имате Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, имате судии и мислам дека луѓето во оваа земја сакаат да видат резултати. Ние не можеме да ги контролираме властите што ќе направат. Но, очекуваме да има чекори во таа насока“, рече Агелер.