Украинскиот претседател Володимир Зеленски им оддаде почит на жртвите во градот Буча на третата годишнина од ослободувањето на градот, кој беше окупиран од руските војници, напиша тој на Телеграм, цитиран од Укринформ.
„Пред три години, нашите војници го ослободија Буча од руските окупатори. И светот виде каква беше руската окупација. Луѓе убиени на улица. Мачење на луѓе. Гробници во дворовите на обичните куќи. Оттогаш, никој во светот не може да каже дека не знае што брани Украина. Украина се бори за животите на својот народ. Затоа никој никогаш не треба да го прави она што руските окупатори и го направија на нашата земја. Вечен спомен на сите чиј живот беше однесен од руската војна! Вечна благодарност до сите наши луѓе кои ја бранат Украина“, истакна Зеленски.
Руската армија изврши инвазија на Буча на 27 февруари 2022 година. За 33 дена, војниците на Москва извршија повеќе од 9.000 воени злосторства во населеното место и убиле повеќе од 1.400 цивили, меѓу кои 37 деца, забележува Укринформ.