„Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени“, рече Зеленски во вечерашната видео порака.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
„Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје“, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.