Зеленски ќе присуствува на отварањето на Нотр Дам

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Париз, каде ќе учествува на церемонијата на отворање на обновената катедрала Нотр Дам.

На настанот што ќе се одржи вечер се поканети 40-тина лидери.

Претходно денеска во Париз пристигна и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Пред церемонијата, францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги прими Трамп и Зеленски одделно во Елисејската палата.

Зачлени се на нашиот е-билтен