Украинскиот претседател Володомир Зеленски верува дека има големи шанси војната да заврши идната година.
Ваквата надеж Зеленски ја истакна на денешниот брифинг со странските медиуми како дел од Третата меѓународна конференција за жито од Украина, објави Укинформ.
„За тоа кога војната ќе заврши…ќе заврши кога Русија ќе одлучи дека сака да ја заврши војната. Кога САД ќе заземе посилна позиција. Кога глобалниот југ ќе застане со Украина и во насока на завршување на војната“ рече Зеленски.
Тој додаде дека е убеден дека овие работи ќе се случат порано или подоцна и дека одлуките ќе бидат донесени.
„Ова ќе биде тежок пат, но јас сум убеден дека има шанси да се постигне мир следната година“ потенцираше Зеленски.
Тој појасни дека постојат клучни чекори кои треба да се направат за да се заврши војната, согласно украинската формула за мир.
„Сфаќаме дека Русија нема да се согласи со сите овие чекори, но тука се Обединетите нации и сите наши активности се базирани на нивните правила и закони. Се надеваме дека чекорите ќе бидат поддржани од нашите партнери“ рече Зеленски.
Украинскиот претседател рече дека се отворени за предлози од лидерите на афричките, азиските и арапските земји, како и од новиот претседател на САД, Доналд Трамп.