Зеленски во посета на Чешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во посета на Чешка, каде ќе се сретне со чешкиот претседател Петр Павел, соопшти кабинетот на чешкиот претседател. 

Летот на украинскиот претседател поради безбедносни мерки беше чуван во строга тајност до самото слетување на претседателскиот авион на аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, наведуваат украинските медиуми. 

По пристигнувањето во Чешка, Зеленски на аеродромот е пречекан од министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски, а потоа е предвидена и средба со претседателот на Чешка, Петр Павел, пренесува агенцијата Укринформ

Зачлени се на нашиот е-билтен