Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на американскиот град Сан Диего во Калифорнија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на само пет километри јужно од градот Хулијан, каде живеат околу 1.500 жители, односно на 100 километри од Сан Диего.