Систематско понижување на статусот на албанскиот јазик! ВЛЕН ќе носат историска одговорност за ова предавство. Вчера, нелегитимната Влада го прекрши не само Уставот на Република Северна Македонија, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците. Усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се прекршува основниот статус на албанскиот јазик како службен во оваа држава, изјави Арта Билали-Зендели од ДУИ.
-Оваа одлука е чекор назад и целосно прекршување на стандардите за еднаквост и правата гарантирани со Уставот и меѓународните закони. Албанскиот јазик е неприкосновено право и не може да биде третирано како опција која се нуди само по барање. Оваа измена на законот претставува неприфатлив и штетен чин за иднината на меѓу етничките односи. ДУИ има јасен став по однос на оваа прашање: нема да прифатиме никакво намалување на статусот на албанскиот јазик, ниту еден чекор што ги нарушува правата на Албанците и никакви обиди за напредување на оваа антиалбанска агенда.
Оваа измена на законот претставува директна интервенција во статусот на албанскиот јазик. Потсетуваме дека Владата мора веднаш да ја исправи оваа грешка и да постапи согласно Уставот и Охридскиот договор.