Жестоко го напаѓа Маск и на тоа заработува: Анти-Тесла налепниците му носат богатство, 100.000 евра месечно

Човек заработува 100.000 долари месечно од налепниците против Елон Маск за Тесла. Сопствениците на автомобили Tesla кои не се задоволни од поврзаноста на нивните возила со Маск, но не можат или не сакаат да ги продадат, најдоа нов начин да го изразат своето мислење: привлечни налепници на браниците. Налепниците кои го критикуваат Маск и неговата улога во таканаречениот „Оддел за владина ефикасност“ (DOGE) во администрацијата на Доналд Трамп станаа исклучително популарни во последниве месеци. А Метју Хилер (47) е еден од оние кои профитирале од овој тренд.

Хилер веќе продаваше налепници на Etsy, Amazon и eBay како споредна работа. Тој почна да продава налепници со тема Тесла во јануари 2023 година, а оние со слогани како „Го купив ова пред Илон да полуди“ станаа бестселери. Некои денови продава налепници во вредност од 4.500 долари.

Инспирација во сопствените дилеми

Тој нашол инспирација во сопствените дилеми додека размислувал за купување на Tesla во 2023 година. Бил заинтересиран за електрично возило, но, како што вели, „целата врева“ околу купувањето на Твитер од страна на Маск во октомври 2022 година влијаела на неговата одлука, пишува Market Watch.

„Решив да не го поддржувам овој човек“, рече Хилер, „и мислев дека мора да има и други луѓе кои ја купиле Тесла пред да видат што се случува и сега сакаат да се дистанцираат од него“.

Така, тој во неговата продавница Etsy почна да пордава и налепница против Маск, каде што претходно продаваше налепници со риби со хумористични пораки. Продажбата на налепници против Маск набрзо вртоглаво порасна.

„Ова беше целосно органско“, вели Хилер. – Мислев: Ќе ја направам оваа налепница, ја немам видено никаде на пазарот, не знаев како луѓето ќе ја најдат во продавницата за налепници за риби на Etsy.

Неколку месеци подоцна, почнав да се појавувам во пребарувањата, некои објави на социјалните мрежи станаа вирални, а работата експлодираше.

Хилер заработува шест цифри

Хилер сега прави шест цифри месечно продавајќи ги налепниците, кои чинат помеѓу 6 и 10 долари, главно преку Амазон. Само Амазон во последните 30 дена му донесе 89.000 долари. И кога ќе ги додадеме Etsy и eBay, сумата е значајна. –

Моментот кога Маск првпат стапна на сцената со Трамп беше голема пресвртница. „Тогаш интересот вртоглаво порасна“, вели Хилер.

Еден ден откако Трамп победи на изборите, имаше уште еден огромен скок во продажбата. А потоа, кога контроверзниот поздрав на Маск стана вирален околу инаугурацијата, ја зголеми продажбата од 300 на 500 налепници дневно и тоа преку ноќ. Сепак, иако шест цифри месечно изгледаат импресивни, Хилер истакнува дека голем дел од профитот оди на надоместоците што ги наплаќаат платформите за продажба.

Зачлени се на нашиот е-билтен